Се’ за храна: 5 најдобри извори на железо
Железото е минерал од суштинска важност. Тој е потребен за секој организам и неопходен за транспорт на кислородот до секоја клетка. Затоа, важно е да знаеме кои намирници се добри извори на железо, а со тоа е потребно да ги внесуваме во склоп на секојдневната исхрана.
Во случај на неадекватен внес и недостаток на железо, потребните количини на воздух не стигнуваат до сите клетки и органи во организмот. Со тоа се предизвикува слабост, замор и анемија. Со намера да ви помогнеме ја споделуваме оваа содржина. Па, прочитајте кои 5 намирници се сметаат за најдобри извори на железо.
Месо
Месото е еден од најдобрите и најбогатите извори на железо. Не само што го содржи во својот состав во доволни количини, туку и овозможува подобра апсорпција на железото од другите намирници. Така, кога консумирате друга храна која содржи железо заедно со месо, правите одлична работа.
Овошје и овошни сокови
Овошјето како што се јаболката, смоквите, железото, портокалите и бананите имаат добра количина на железо во својот состав. Исто така, содржат и други витамини кои помагаат за подобра апсорпција на самото железо.
Суви зачини
Освен тоа што имаат лековити својства, сушените зачини, покрај другите хранливи материи и минерали, се многу богати со железо. Во најголема мера може да се најде во магдоносот, ориганото, кориандерот и нането.
Кавијар
Може да се каже дека станува збор за „луксузен“ извор, но факт е дека е многу богат со железо. Луѓето обично го користат како предјадење, а вкусот му е фантастичен. Одредени, малку поефтини верзии се среќаваат и во маркетите за широка потрошувачка.
Суви кајсии
Освен што се добар извор на железо, сушените кајсии содржат и витамин А и калиум. Вкусот им е фантастичен, па можете да ги вклучите во исхраната многу лесно наместо други слатки десерти и колачи.
Превземано од sezahrana.mk