Се’ за храна: 5 симптоми кои укажуваат на недостаток на протеини

Повеќе од најпопуларните диети на денешното време, препорачуваат зголемен внес на протеини. Сепак, многу луѓе не консумираат доволна количина од намирниците кои се богати со нив. Еве на кои симптоми треба да реагирате и да препознаете дека вашиот организам има недостаток на протеини.

Често пати е тешко да ги препознаеме симптомите кои ни ги испраќа организмот, за да не предупреди да го промениме начинот на исхрана. Во текстот подолу, може да погледнете како вашиот организам ви порачува да внесувате поголема количина на протеини.

За кои симптоми станува збор?

Ако имате зголемена желба за слатка храна

Ова е еден од првите знаци за недостаток на протеини. Иако можеби мислите дека нивниот дефицит ќе ви предизвика глад за јајца или месо, тоа не е баш така. Напротив, ќе имате зголем апетит за слатки нешта. Една од најзначајните функции на протеините е да го одржуваат нивото на шеќер во крвта, па нивниот недостаток предизвикува голема желба за колачи и чоколади.

Не можете да се сконцентрирате

Балансираното ниво на шеќер во крвта е многу важно за да може да останете фокусирани и сконцентрирани. Кога ви недостасуваат протеини, нивото на шеќерот постојано варира и се појавуваат проблеми со концентрацијата и фокусот.

Опаѓање на косата

Протеините се одговорни за цврстината на организмот. Ако имате значително намален внес на пртеини, може да забележите и зголемено опаѓање на косата.

Чувствувате слабост

Веројатно знаете дека протеините се важни за јакнење на мускулите. Ако го намалите внесот на корисните материи, постои можност да не се чувствувате доволно силни.

Често сте болни

Вашите бицепси и бутовите не се единствените делови на кои протеините влијаат позитивно. Ако често сте болни и настинати, можно е тоа да се должи на недоволен внес на протеини, поради тоа што имунитетот е нестабилен. Уште една друга појава и знак на недоволен внес на протеини е појавата на заноктици.

Ви препорачуваме да прочитате: Протеини кои не се месо, има ли доволно растителни извори?

Превземено од: sezahrana.mk


Во етер
Наслов
Изведувач

Background