Се’ за храна: 7 здравстени придобивки од блитвата кои не ги знаете

Дали знаете дека хранливата и вкусна блитва, потекува од Медитеранот, а денес може да се најде насекаде во светот? Блитвата е ценет зеленчук уште од дамнешни времиња, за што говорат и записите на Аристотел. Старите Римјани и Македонци ги препознале нејзините лековити моќи, па ја сметале за чудотворна билка.  Меѓу многубројните лековити својства, ги издвоивме најважните седум придобивки од блитвата кои не ги знаете.

Штити од остеопороза

Блитвата е богата со витамин К, минералите калциум и магнезиум, кои се важни за здравјето на коските. Витаминот К ја спречува прекумерната активност на остеокластите, клетки кои го разградуваат коскеното ткиво. Освен тоа, витаминот К1 во цревата се претвора во витамин К2, кој ја поттикнува активацијата на остеокалцинот, најважниот не-колагенски протеин во коскеното ткиво. Остеокалцинот е особено важен, затоа што ги насочува молекулите на калциумот кон коските. Истражувањата имаат потврдено дека малата количина на витамин К во организмот е во директна врска со појавата на остеопороза.

Го чува здравјето на очите

Блитвата содржи голема количина на бета каротин кој е повеќекратно корисен за здравјето на очите. Според тврдењето на експертите овој витамин го намалува ризикот од појава на макуларна дегенерација, глауком, ноќно слепило и друго пореметување на видот. Покрај бета каротин, блитвата содржи лутеин и зеаксантин кои се познати како заштитници на очите. Лутеиниот ги штити од штетното дејство на УВ зраците, го намалува ризикот од дегенерација и ја штити рожницата.

Го штити здравјето на срцето и крвните садови

Блитвата содржи нутриенти кои поволно влијаат врз кардиоваскуларното здравје. Порано сме пишувале на оваа тема, па сигурно ќе ве интересира: Блитва – зелено листесто богатство кое ги штити мозокот и срцето.

Помага за слабеење

Блитвата е многу добар сојузник во слабеењето и одржувањето на витка линија. Овој зеленчук има малку калории, а изобилува со растителни влакна. Влакната ја намалуваат апсорпцијата на мастите и јагленохидратите, и даваат чувство на ситост. Истовремено, блитвата е богата со хранливи материи и фитонутриенти кои ќе го обезбедат организмот за време на диетата, со сите состојки кои се потребни за добро здравје.

Го намалува ризикот од развој на дијабетес

Познато е дека растителните влакна се исклучително корисни во превенцијата надијабетес тип 2. Влакната помагаат за одржување на стабилно ниво на шеќерот во крвта што подолго време.

Превенира појава на Алцхајмерова болест

Блитвата содржи антиоксиданси, кои заедно со витаминот К може да го спречат изумирањето на нервните клетки, кое настанува како последица на оксидативниот стрес. Една студија спроведена на Универзитетот од Северна Каролина, потврдила дека ниското ниво на витамин К е поврзано со развој на Алцхајмерова болест. Се верува дека земањето на поголеми количини на овој витамин може делотворно да влијае во превенцијата на оваа болест.

Го намалува ризикот од рак

Витаминот К кој е присутен во листовите на блитвата се поврзува со намален ризик од развој на рак на простата, дебелото црево, дојката и црниот дроб. Претходно споменавме дека блитвата е богата со бета каротин кој во организмот се претвора во витамин А. Освен што ги штити очите, овој витамин е силен борец против оксидативно оштетување, кое е познато причинител на карцином.

Доволни причини за да започнете да ја користите што почесто!

Ви предлагаме да прочитате: Здраво пире со блитва.

Превземено од: sezahrana.mk

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background