Симфониско уживање со Љубојна во „Севдо ле“

„Љубојна“ и нивната Вера направија филмска екранизација на приказната за нивната нова “Севдо ле”, инаку прв сингл од најновиот албум на Џијан Емин и Македонската филхармонија кој излегува наскоро насловен “Phonic Silence”.

Песната е авторска, ја направивме за концертот на Љубојна со Македонска филхармонија под диригентство на Џијан Емин, кој се одржа во февруари годинава. “Севдо ле” е песна со епска широчина и лирски амбиент. Па, вокалот сакавме да биде баш таков просторен, со фестивалски поп шмек од 70-ти и зачин од Цезарија Евора.

Звучи магично, токму така како што сакав да ја “распостелам”. Оркестрацијата и аранжманот се на Џијан Емин, музиката на Оливер Јосифовски, а текстот го напишав јас. Снимена е во салата на Македонска филхармонија, а ја снимаа Ален Хаџи-Стефанов и Ангел Ќосев. Микс и мастер правеше Ангел Ќосев во Студио Подрумот.“ –  изјави Вера Милошевска – Јосифовска за Канал 77.

Во спотот се појавуваат Наталија Теодосиева и Димитрија Доксевски. Зад камерата стои Александар Ивановски – Роџо, додека како режисер на видеото се потпишува Сашко Потер Мицевски.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background