Сите сме ВМРО историски, не само ДПМНЕ, вели Сашко Николов од СДСМ (видео)

Кандидатот за пратеник на СДСМ , кардиологот Сашко Николов вели дека Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ не знаат што сакаат. Се против избори во јули, но не кажуваат конкретен став и датум кога би се одржале, дали до декември кога е крајниот рок, или кога ќе заврши пандемијата со коронавирусот, a тоа сигурно нема да се случи во наредните две-три години.
–  Ние како лекари не можеме да ги казнуваме граѓаните инситутциите и фирмите ако не ги почитуваат мерките, за тоа е полцијата и Наќе Чулев, кој јавно кажа дека нема да казнува. За сообраќајна несреќа не може да биде виновен само Мерцедес или БМВ, туку несовесните возачи.
Македонија максимално се справува со пандемијата, скојдневно масовно ги тестираме сите контакти со заболените. А што треба да правиме, да лажеме за бројките за да има избори. Во тоа, во искреноста и транспарентноста е големата разлика со нашиот политички противник,  рече  Николов во емисијата „Стадион“ на Радио Мрежа Канал 77.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background