Словенец ќе ја претставува Германија на Евросонг

Бенјамин Долиќ или Бен, кој потекнува од Словенија ќе биде годинашниот претставник на Германија на Изборот за песна на Евровизија. Тој ќе настапи со песната  “Собер”, која ја напиша  Борислав Миланов.

Во биографијата на Бен на официјалниот евровизиски сајт пишува дека е роден во 1997 година во Љубљана, Словенија. Имал само 12 години кога се натпреварувал во музичкото шоу „Словенија има талент“ и стасал до полуфиналето. Кога имал 18 години со семејството се преселиле во Швајцарија, каде го научил германскиот јазик.  Пред две години се преселиле во Берлин, Германија и на натпреварот „Гласот на Германија“ завршил на второто место.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background