Стотина гости избегале од ресторан без да платат сметка

Повеќе од 100 луѓе се обвинети за бегство од ресторан без да платат сметка, откако претходно имале нарачки во вкупна вредност од 2.900 евра, пишуваат англиските медиуми. Полицијата е во потрага по групата која била на банкет во хотелот „Кармен“ во малото село Бембибре во северна Шпанија.

Сопственикот на ресторанот Антонио Родригез тврди дека масовното бегство било планирано, откако гостите јаделе обилни порции на месо и пиеле вино и виски, пред да биде послужен десертот. Ресторанот се испразнил за неколку минути, со што во него останале единствено членовите на бендот кој бил ангажиран да свири на банкетот.

– Многумина од нив се туркаа за да го напуштат ресторанот низ четирите излези. Не сум доживеал ништо слично во 35-те години поминати во угостителството – вели Родригез.

Локалните медиуми се сомневаат дека непримерните гости биле Романци, а лицето кое ја направило резервацијата во ресторанот, наводно лажело дека тие доаѓаат од соседно село.

Групата претходно уплатила капар од 870 евра, но сопственикот вели дека, сепак, останал со штета од околу две илјади евра, бидејќи испиле 30 шишиња виски, како и големо количество на вино, а нарачале и повеќе предјадења и главни јадења. Згора, тој морал да ангажира дополнителен број на персонал поради големиот број на гости.

Преземено од: Нова Македонија


Во етер
Наслов
Изведувач

Background