Сѐ за храна: Природен раствор за отстранување на забен камен
Наслагите од забен камен не само што изгледаат грдо, туку можат да предизвикаат и сериозни проблеми. Забниот камен е тврда наслага на забите која се таложи со текот на времето.
Доколку спаѓате и вие во категоријата на луѓе кои се тресат од страв при посета на стоматолог, тогаш ова природно решение е идеално за вас. Кафеавите или жолтите наслаги на забите може да ги отстраните сами во вашиот дом. Забниот камен е чест проблем и современата стоматологија предлага бројни начини за негово отстранување. Но, постои метода која одлично го решава овој проблем, а исто времено штедите и пари.
Раствор од лушпи на ореви за отстранување на забен камен
Темелната хигиена на усната шуплина е многу важна. Ако не се води грижа за забната глеѓ и навремено не се отстранува забниот камен, може да се појави парадентоза. Оваа болест предизвикува воспаление на меките ткива, а завршува со паѓање на здравите заби.
За среќа постои потполно природно решение за превенција на оваа непријатна болест.
Состојки:
- 40 грама лушпи од орев
- 250 мл вода.
Припрема:
- Лушпите од орев и водата ставете ги во тенџере да се варат за време од 20 минути. Потоа, тенџерето тргнете го од огнот и поклопете го. Оставете го да се излади, а течноста процедете ја.
- Четката за миење на забите ставете ја во растворот за време од 10 минути.
- Потоа, темелно исчистете ги забите, а повремено макајте ја во растворот. Оваа постапката применете ја три пати на ден.
- Вака припремениот раствор може да го користите во рок од 2 дена. После тоа, направте нов раствор. По неколку третмани ќе ги забележите првите резултати.
Лушпите од орев се моќно антибактериско средство, кое исто така може да помогне во чистењето на забната глеѓ од непријатните наслаги. Оваа постапка за чистење на забите со лушпи од ореви е корисна и за оние кои страдаат од крвавење на непцата.
Превземано од: sezahrana.mk