Темза го поплави домот на Џорџ и Амал Клуни во Англија

Реката Темза се излила од своето корито и  го поплавила скоро целиот имот на холивудскиот актер Џорџ Клуни и неговата соруга Амал во Беркшир. Ова се случило како последица на обилните дождови кои ја погодија Англија последните неколку дена. Под вода се тенискиот терен кој се наоѓа крај имотот, како и терасата на нивната луксузна летна куќа.

Ова е втор пат како поради обилните дождови се поплавува куќата на овој славен пар.  Прв пат поплавата ги зафатила во 2016 година, кога уредувањето  траело 18 месеци.

Врнежите во Англија и понатаму продолжуваат.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background