Топло уживање во сината спа магија на Исланд

Исланд е островска земја без копнени граници во северниот Атлантик, помеѓу Гренланд, Норвешка и Британските острови, геолошки многу активен остров.

На југозапад од островот се наоѓа долината Гриндавик, позната уште како „област на лавата“ во која е сместена најголемата термална бања „Сина лагуна“.

Тоа е најпопуларната исландска атракција која настанала како последица од многуте вулкански формации низ годините.

Топлата вода во базените е богата со минерали како силициум и сумпор, а капењето во неа им помага на оние кои патат од кожни болести. Температурата на водата во просек е од 37°С до 40° С.

Хигиената е на високо ниво, така што сите корисници на спа услугите мора да се истушираат пред и по капењето.

Во склоп на комплексот се наоѓа и „Лава“ ресторан кој комбинира модерен дизајн со дивиот дух на исландската природа.

Изграден е на карпа, со поглед на лагуната и претставува незаборавен амбиент за семеен или романтичен ручек.

Базените, термалната кал и геотермалната плажа го прават овој комплекс вистинска спа магија.

Погледнете ја сината спа магија:


Во етер
Наслов
Изведувач

Background