Трансродната шминкерка Ники Туторијалс водителка на Евросонг

 

Холандската шминкерка и блогерка за убавина Ники де Јагер, односо Јутјуб ѕвездата позната под уметничкото име Ники Туторијалс,ќе биде една од водителките на изборот за песна на Евровизија, која во мај ке се одржи во Ротердам. Таа ќе известува за Евровизија преку интернет, ќе сними посебни видеа на Јутјуб од зад сцена со натпреварувачите на Евровизија, ќе известува од црвениот тепих за време на церемонијата на отворањето и ќе учествува во сите три емисии во живо. Јутјуб ѕвездата Ники Туторијалс е желба на минатогодишниот евровизиски победник Данкан Лоренс, кој го донесе најголемото европско музичко шоу во Холандија.

Оваа вест ја објави и официјалниот евровизиски сајт, кој наведува дека се пресреќни со изборот бидејки Ники има 13 милиони следбеници на Јутјуб, 13.8 на Инстаграм, дека во моментов е најголемата холандска интернет ѕвезда, но и дека нејзината популарност ги надминала границите на државата,  како гуру за убавина ја направила шминката за Лејди Гага, Ким Кардашјан, Џеси Џеј и други.

 Ники Туторијалс и Лејди Гага

-Кога минтата година Данкан победи во Тел Авив  имав само една желба- да бидам дел од холандскиот евросонг.  Кога кон крајот на минатата година ми понудија, бев навистина почастена и едвај чекам да го доживеам ова двонеделно уникатно искуство, изјавила таа за евровизискиот сајт.

Ники неодамна признала и дека лажела од почетокот на кариерата и дека е трансродна.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background