„Три прашања за три Осмомартовски подароци“ – Главно извлекување

Осми Март, Денот на жената се вброи во низата празници, кон чие креативно одбележување се вклучи и Канал 77. Денеска три слушателки на Радио Мрежа Канал 77 добија по еден подарок, благодарение на нивното учество во проектот „Три прашања за три осмомартовски подароци“.

Во рамките на овој проект, најмногу и’ се посреќи на скопјанката Снежана Николовска. Имено, за Први мај таа бесплатно ќе ужива цел викенд во Калитеа, Грција, а овој подарок и’ го овозможува туристичката агенција ЈК Травел. Нејзината сограѓанка, Трајанка Спасовска исто так доби подарок – пакет Хелен Харпер од „Магнолија“ Кочани. Третиот подарок оди во Битола кај Магдалена Стојковска. Таа доби пакет производи од Сара Колант.

Извлекувањето на среќните добитнички се одвиваше во живо во програмата на Канал 77.

Тимот на оваа национална радио мрежа им го честита празникот на сите свои слушателки, посакувајќи им многу борбеност и истрајност во заштитата и промоцијата на нивните права. При тоа, Канал 77 останува медиум посветен на демократските принципи па затоа и во иднина ќе пласира содржини кои имаат за цел да ја зголемат јавната свест за родовата нееднаквост.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background