Трпеноски од ДКСК: Проценка на природното и културно наследство во Охрид, па рушење на дивоградбите (ВИДЕО)

„Државната комисијата за спречување на корупцијата работи по пријави кои ги поднесуваат до нас, ние таа пријава ја испитуваме односно ако има основа, прво ја проверуваме имотната состојба што ја имаат пријавено советниците на општините во имотниот лист на комисијата ако се открие нешто несразмено во неговата имотна состојба тогаш се покренува за проверка на имотната состојба. Проверката е административна проверка која што комисијата ја прави редовно“, изјави Горан Трпеноски, член на ДКСК во гостувањето на емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Тој објасни дека Владата го задолжила Министерството за култура, Државниот градежен инспекторат и Министерството за транспорт и врски до декември 2000 година да нема потреба да се уриваат дивоградбите кои што се ставени во инветарот на дивоградби на Охрид. Владата на една од последните седници појаснува Трпеноски, го донесе Законот за управување со светското културно наследство во охридскиот регион, потоа е донесен план за проценување на стратегиската оценка врз животната средина, потоа одлука за спроведување на стратегискиот документ за управување со природното и културно наследство во охридскиот регион.

Трпеноски вели дека се додека не биде направена проценка на природното и културно наследство и какво влијание имаат дивоградбите кои се во Охрид нема да има уривање. Тој смета дека ова е елегнатен начин да се добие на време и да не се спроведе ништо.

Но не се само дивоградбите во прашање, тука се и плажите во Струга и Охрид кои никој не ги спомнува. Плажите од 2017/18 година до сега работат без концесии, узурпиран е дел од крајбрежието и не се плаќа на државата кирија,  закупците се уште работат без концесии, вели Горан Трпеноски од ДКСК.

„За плажите пред крај е предметот. Оваа прилика ја користам за јавно да ги повикам градоначалниците на Охрид и Струга, Државниот градежен инспекторат и Министерството за транспорт и врски, да дојдат на разговор во Антикорупциска комисја за секој да си каже од свој агол што е проблемот што не можат да ги решат дивоградбите и зошто плажите работат без концесии, од сите дописи што ги имаме добиено сите се прогласени за ненадлежни“, изјави Трпеноски.

Мора да се изнајде политичка волја и без разлика на партиските и коалиционите интереси и пазарењеа, да се постапува одлучно со дивоградбите, потенцира тој.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background