Феликс за споредбата со Роналдо
Португалската сензација Жоао Феликс, пристигна во Атлетико Мадрид, заедно со притисокот кој го носи врз своите рамена.
Секој млад талент во некој момент од својата кариера го споредуваат со некој поранешен, некој голем, но само малкумина од нив се споредуваат или на малкумина од нив им се „доделува“ големата етикета, „новиот Кристијано Роналдо.
Ова додава на притисок врз Жоао Феликс, кој од Бенфика дојде во Атлетико Мадрид, за 126 милони, на 19 годишна возраст.
Ако цената и споредбата не беа доволни, уште една португалска фудбалска легеннда, Жозе Мурињо изјави дека инвестицијата носи голема одговорност, но и дека Атлетико Мадрид може да очекува да се бори за Лигата на шампиони оваа година.
„Неколку португалски играчи играле тука. Големи играчи кои биле важни за португалскиот фудбал. Сакам да сум барем како нив, дури и подобар од нив.“ – изјави Феликс за време на ставањето потпис.
„Возраста си има влијание, но јас сум доволно зрел за да се соочам со оваа ситуација. Знам што значи да се биде дел од важен клуб. Јас сум тука за да ја испишам мојата историја! А споредбите не се така добри. Кристијано си е Кристијано, а јас сакам да си бидам свој.“ – додаде самоуверено фудбалерот.