Фолк пејачот Дамјан Стојановски се ожени со Елена и чекаат бебе
Фолк пејачот Дамјан Стојановски (24), попознат како син на починатата фолк ѕвезда, Војо Стојановски, викендов се ожени со неговата девојка Елена Билеска (19) од Кичево. Граѓанскиот брак го склучиле во Кичево, во присуство на најтесното семејство, додека десетина дена пред тоа Дамјан и мајка му Евица Камберова Стојановска заминале кај Елена за да се запознаат семејствата и тогаш официјално ја запросил и го дал свршеничкиот прстен.
-Го направивме само граѓанскиот брак и сеуште не сме одлучиле кога ќе биде свадбата и венчавањето в црква. Заедно сме неполна година иако се познаваме и се бендисувавме уште пред тоа, вели Дамјан.
Блиски на нивното семејство велат дека Елена е бремена и дека можно е да се случи свадбената веселба да се случи заедно и со мекиците за бебето, кое треба да се роди на лето.
Дамјан и Елена со нивните мајки
-Заради пополнетата агенда со настапи Дамјан и Елена немаат време кога да ја организираат свадбата сега набргу. Летото, пак, нема да можат заради бременостана на невестата и затоа сега беше важно да се склучи граѓанскиот брак, велат нивни блиски.
По матично Дамјан и Елена со најблиските од семејството заминале во еден кичевски ресторан каде го прославиле бракот. Веселбата не поминала со песни од Дамјан, но и од татко му. Се пеела „Кога ќе те жениме Дамјане“, што Војо ја испеа на фестивал и ја посвети на син му потоа „Ти донесов млада невеста„, „Силно тапан чука“ и многу други негови хитови.