Четката за заби треба да се менува четири пати годишно

Можете да користите и конци и најквалитетни пасти за заби, но ако четката е стара, си правите повеќе штета отколку корист.

Четката за заби би требало да ја менувате 4 пати годишно, тврдат стоматолозите.

Во спротивно, го зголемувате ризикот од кариес и разни проблеми со непцата.

Редовната промена на четката за заби се однесува и на класичната и на електричната варијанта.

По миењето на забите, четката задолжително исплакнете ја со вода и оставете ја да се исуши. Ако капачето го ставите веднаш, полесно ќе се размножат бактериите.

3 совети кои ќе ви помогнат при изборот на совршената четка:

Барајте четка која има влакна со заоблени врвови, не пресечени,
Четките со меки влакна се наменети исклучиво за деца, постари лица или оние кои носат протеза,
Четките со средна острина им одговараат на сите.

Извор: Мама365


Во етер
Наслов
Изведувач

Background