Што се случува во организмот 20 минути по гасењето на цигарата?!

Во никотинскиот чад се наоѓаат повеќе од 7.500 штетни хемиски соединенија, меѓу кои 80 се канцерогени, за кои медицински е докажано дека предизвикуваат рак. Стасуваат во секој дел од телото и се одговорни за настанување на карциномот на белите дробови во дури 90 отсто случаи.

Во значаен процент предизвикуваат и рак на грлото, хранопроводот, желудникот, дебелото црево, црниот дроб, панкреасот, грлото на матката, бешиката… А, кај една третина од сите малигни заболувања, никотинот е виновен за смртниот исход.

Еве што позитивно се случува во организмот штом престанете да пушите…

Само 20 минути по гасењето на цигарата, крвниот притисок и пулсот се нормализираат, како и температурата во рацете и нозете, бидејќи никотинот ја блокира циркулацијата и го забрзува работењето на срцето. По 12 часа од последната цигара, нивото на јаглерод моноксид опаѓа, а кислородот расте до нормалното ниво во крвта.

Веќе по два дена, нервните завршетоци почнуваат да се регенираат, a сетилата за мирис и вкус полека закрепнуваат. Истовремено, бесот и вознемиреноста поради апстиненцијата од цигарите достигнува кулминација.

По една година од престанувањето на пушењето, ризикот од сите коронарни болести двојно се намалува, како и веројатноста од смртност од рак на белите дробови.

Превземено од: Слободен Печат


Во етер
Наслов
Изведувач

Background