Што треба да јадете по четириесеттата година

Секое животно доба има различни нутритивни потреби, па така и храната треба да се прилагоди на конкретниот животен период. Исхраната на 20 годишна возраст би требало прилично да се разликува од онаа на 40 на пример.

Нутриционистите препорачуваат по четириесеттата година да го ограничите внесот на сол на 5 до 6 грама на ден, или во превод , да не конзумирате повеќе од 1 лажичка сол дневно. Внесот на алкохол се препорачува да се намали на еден пијалак дневно или околу 125 мл вино, 250 мл пиво, односно 0,03 мл жесток алкохолен пијалак.

До помал внес на заситени масни киселини, холестерол и трансмасти, може да се дојде со отфрлање на индустриските преработки како и готовите и полуготовите намирници кои имаат видлива маснотија во себе.

Концептот на врамнотеженост зборува и дека треба да се прилагоди внесот на енергија со нејзиното трошење. Всушност, во текот на процесот на стареење доаѓа до намалување на стапката на метаболизмот, но и на трошењето на енергија со телесна активност, поради недостаток на време, но и поради несвесноста за потребата од редовна телесна активност. Затоа, во 40-тите години се препорачува жените да внесуваат околу 1800 калории, а мажите околу 2200 калории дневно.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background