Ѓорчев: Бугарите сакавме да ги внесеме во Уставот, но одбија оти во Софија сметаа дека во Македонија биле мнозинство (видео)
Поранешниот амбасадор во Бугарија Марјан Ѓорчев не е оптимист дека Бугарија наскоро ќе го одблокира македонскиот пат кон Брисел.
Според него тоа што го прави Бугарија не се европски вредности, Таму ако се декларираш како Македонец макар и на пописот ќе те проверат и ги губиш сите шанси за просперитет. На пример, никогаш нема да се запишеш на Воена академија. Кај нас не е така, имаме Бугари судии, директори кои слободно се изјаснуваат и просперираат.
Ѓорчев проблемот, кој ги вратил повторно националистите и говорот на омраза на голема врата го лоцира во Договорот за пријателство кој не е рамноправен и реципроцитетен и ги фаворизира бугарските интереси.
„Уште 2001 година кога поради Рамковниот договор го отваравме Уставот им понудивме да ги внесеме и Бугарите во нашиот Устав како дел од народ, но тогашниот премиер Костов и неговите соработници тоа го одбија. Тие едноставно сметаа дека они се мнозинство во Македонија,“ вели Ѓорчев.
За новинарот Марјан Николовски, кој известуваше од Софија за парламентарните и претседателски избори Македонија не е централната тема во бугарскиот политички живот., туку корупицјата, криминалот, сиромаштијата и односите со Турција.
Тој не е песимист, но сепак не верува дека до крајот на годината или во јануари ќе добиеме датум за преговори.
Кај новите победници Петков и Василев од Харвард очигледно е дека има желба за нова реторика и пристап со акцент на економија, транспорт и бизнис, но дали тоа ќе се преточи во конкретно решение и во датум за преговори ќе видиме, ќе покаже времето.
Николовски смета дека за Бугарија многу малку се знае, многу vesnaмалку е присутна во македонските медиуми и за жал мора да признаеме дека во нашето општество има голема доза на негативни чувства што се должи на недоволно информации и комуникација, на наследството, образованието, воспитувањето и тука на тоа поле првенствено треба да се работи.
„ Имаме погрешна стратегија, наместо за историја треба да зборуваме за економија. Постои и лоша перцепција во Бугарија дека во Македонија се што е бугарско е одбивно, дека они колку и да даваат и попуштаат не добиваат ништо позитивно за возврат. Што и да направаиме, велат Бугарите пак не викате Татари, пак добиваме говор на омраза,“ потенцира Николовски.