Џамбо Агушев до сопругата Асена: Ќе те сакам цел живот, не само на Денот на вљубените

Музичката ѕвезда Џамбо Агушев на својот Фејсбук профил упати романтична пораката до својата сопруга за да и го честита  Денот на вљубените.  Љубовната еуфорија со која денес се преплавени социјалните мрежи ги зафати и нив.

-Се откажав од милион ѕвезди, затоа што ти станата моето сонце на мојата земја.  Од моментот кога влезе во мојот живот, будењето со твојот мирис и глас, за мене е најубавото чувство на светот. Затоа ќе те сакам не само денес, туку цел живот. Нема да кажам нашиот ден на љубовта, бидејки ние сеуште сме вљубени.  Среќен Ден на вљубените, мајко на моите деца, напиша тој.

Во иста мера му врати и сопругата Асена.

-Добро е што Господ ни ги спои патишатата, мило ми е што можам да го допрам твоето убаво срце. Те сакам, му возврати таа.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background