10 години помладо за само 10 минути

Малата промена во шминкањето и облекувањето може да направи чуда за вашиот изглед. Единствено што треба да знаете е кои производи да ги одберете и како правилно да ги употребите.

Сигурно сте забележале дека некои јавни личности изгледаат многу помладо од реалните години кои ги имаат. Сето тоа се должи на правилното шминкање и облекување со кое точно се истакнува најубавото и се сокрива она што е недостаток.

За само 10 минути може да изгледате 10 години помладо

Користете подлога за шминкање
Девојките и жените прават грешка кога нанесуваат голема количина шминка и се надеваат дека ќе изгледаат помладо. Тоа всушност предизвикува обратен ефект и ве прави да изгледате постаро. Доколку сакате да се подмладите на образите и челото нанесете подлога со боја на кожа за вашата кожа да изгледа позатегнато.

Нанесете коректор под очите
Една од причините зошто изгледате постаро е поради подочниците кои сè повеќе се забележуваат со текот на годините. Коректорот ќе ви помогне да ги покриете и темните подочници и дамките. Но, не претерувајте со коректорот, бидејќи ќе направите голема разлика во бојата.

Одберете фустан според градбата на телото
Не ве подмладува само шминката, туку и облеката. Многу жени престануваат да обрнуваат внимание на облеката која ја носат со години, а ги прави да изгледаат повозрасно. Затоа, носете го она што ви е удобно и што ве прави самоуверени, а не е премногу формално.

Отстранете ги влакната од лицето
Иако депилацијата не е многу пријатна, не заборавајте дека колку вашето лице е почисто и нема мали ситни влакненца, толку ќе изгледате помладо. Затоа не се штедете и не ги избегнувајте козметичките третмани кои прават да изгледате помладо.

Сменете ја фризурата
Понекогаш младешкиот изглед е само илузија која може да се направи со промена на фризурата и да испробате нешто ново. Собраната или кратката фризура секогаш ќе направат да изгледате помладо.

Користете мидер
Совршен дел од облеката кој им дава одлична линија на жените со малку повеќе килограми и прави да изгледаат затегнато и помладо.

Користете маска за лице
Ако сакате да се подмладите 10 години, а во тој процес да не употребувате тони шминка, тогаш редовно користете маска за лице. Пред нанесувањето на маската направете еден пилинг со кој ќе ги прочистите порите, кои потоа ќе ги нахраните со маската.

Користете кармин во посветла боја
Темниот кармин ќе ги нагласи недостатоците на вашето лице. Пастелните мат нијанси се задолжителни доколку сакате да изгледате помладо.

Насмевнете се
Последно и најважно е насмевката. Насмеаното лице нема да ве подмлади за 10 минути, туку во истиот момент.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background