3 масла за брз раст и помалку опаѓање на косата
Кокосовото масло е најдоброто природно масло против опаѓање на косата, бидејќи продира длабоко во влакното и ја штити косата од сушење. А оние кои имаат проблем со опаѓањето, можат да се „потпрат“ на уште неколку други билни масла кои имаат одличен ефект за забрзување на растот на косата и спречување на нејзиното опаѓање. Маслиновото масло и маслото од рузмарин се додаваат на оваа листа поради својот ефект.