50 години од легендарниот „Вудсток“

Деновиве, пред 50 години кај гратчето Бетел во американската сојузна држава Њујорк од 15 до 18 август се одржа рок-фестивалот Вудсток.  Tраеше три дена, а обележа цела една генерација во САД.

Посебно специфично е тоа што фестивалот се одржа во време кога американското општество беше поделено поради војната во Виетнам.

Младиот менаџер Мајкл Ланг, по успешноста во организацијата на Поп-фестивалот во Мајами, кон крајот на 1968 година, заедно со тројца свои соработници – Џон Робертс, Џоел Розенман и Арти Корнфилд, имале идеја да направат нешто поинакво, во форма на гласен протест против војната меѓу САД и Виетнам.

Со оглед на тоа што станувало збор за сосема нова фестивалска приказна, има низа на звучни имиња кои ја одбиле поканата на организаторите кои се обиделе да ги контактираат најпопуларните од тоа време.

Тогаш откажале „Дорс“, Боб Дилан, „Џетро тул“, а „Битлси“ не биле земени предвид, со оглед на тоа што веќе три години не практикувале настапи во живo. „Ролинг стоунс“ и „Лед цепелин“ веќе имале закажани настапи на друго место.

И покрај тоа што не се појaвиле сите кои биле поканети, фестивалот бил успешен, дури и над очекувањата. Доказ повеќе е тоа што очекуваната бројка на посетители од 50 000, е надмината со дури 400 000 посетители. Ова е една од причините поради која фестивалот влегува во легендарните.

Ако сакате низ фотографии да ѕирнете во популарната приказна на „Вудсток“, тоа можете да го сторите ТУКА.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background