(видео)Деспотовски: Поголеми плати, индустриски паркови за информатичари и акцент на неавтомобилската индустрија

За да се избегне ризикот, особено во кризни состојби како со пандемијата, фокусот на странските инветиции треба да биде насочен кон промена на структурата во технолошко индустриските развојни зони каде што сега над 95 проценти доминира автомобилската индустрија, да се бараат и стимлуираат попрофитабилни гранки како фармацијата информатиката, отварање на индустриски паркови, градење на објекти и згради во кои веднаш ќе се вселат инвеститорите без да чекаат дозволи со години, смета директорот на дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони -ТИРЗ Јован Деспотовски.
-Економската размена на компаниите во ТИРЗ изнесува 3,4 милијарди евра, тука се реализира над 47 проценти од извозот на Македонија, но тоа може да биде опасно и треба да се каже дека структурата може да биде неповолна особено како сега во време на коронавирусот кога автомобилската индустрија доживеа најголем удар.
Оваа година во првиот квартал имаме 84% раст во однос на пандемискиот лански период и над 20 посто раст во однос на 2019 година, и очекуваме размената годинава да надмине 4 милијарди евра. И покрај пандемијата, во компаниите во ТИР зоните работат над 14 000 вработени со просек на плати од 26,5 илјади денари. Ниту еден капацитет не беше затворен. Повеќе не се претставуваме како земја со евтина работна сила. Во првите пет месеци од годинава потпишавме договори со 5 компании за инвестиции од над 65 милиони евра. Исто така, со новиот концепт на привлекување инвестиции успеавме да поттикнеме интерес кај повеќе од 30 компании за инвестирање на над 425 милиони евра, како и нови 8.500 работни места. Деновиве јавно ќе биде потпишан Договор вреден над 100 милиони евра, досега највисоката директна инвестиција која се случила во изминативе 20 години – истакна Деспотовски во во емисијата „Стадион“ на Радио Канал77.

Според него големо внимание се посветува и на рамномерниот економски развој и дисперзирање во внатрешноста преку засилена соработка со општините и на изедначување на условите и статусот и за домашните компании.
– Ја изедначуваме државната поддршка за домашните и странските инвеститори. Разликата дали и колку ќе го поддржиме инвеститорот  ја правиме единствено според условите за раст на платите кои ги нуди и бизнис планот во делот на добивката, односно колку пари преку даноци и други давачка ќе инкасираме како земја од таа инвестиција. Домашните компании кои имаат потенцијал да инвестираат и да се развиваат треба да ги поддржиме без разлика дали се во ТИР зоните или надвор – вели Деспотовски,кој забележа дека кај работните односи и синдикалното организирање сеуште постојат проблеми и во тек се разговори со синдикатите и со компаниите да се формираат синдикални подружници во ТИР зоните.
Деспотовски најави и спојување на Агенцијата за странски инвестиции со Дирекцијата ТИРЗ во еден субјект, со што ќе се овозможи на едно место, под еден чадор секој инвеститор да ги добие сите потребни информации, документи и дозволи.

Во етер
Наслов
Изведувач

Background