Борјанчо Мицевски: Да најдев злато, Крива Паланка немаше да има проблеми
Да најдев злато немаше да бидам тука денес и уште да се борам се уште за проблемите на граѓаните. Тоа беше само една од шпекулациите со коишто секојдневно се соочувам, изјави градоначалникот на Општина Кривава Паланка, Борјанчо Мицевски во емисијата „Стадион“ во врска со информациите кои што кружеа дека наводно градоначалникот го прекопал центарот на градот за да најде злато.
„ Тоа беше една од шпекулациите со коишто секојдневно се соочуваме. Од друга страна постарите граѓани на Крива Паланка се сеќаваат дека тој ѕид кој што сега го правевме амфитеатар е граден шеесетите години, тука немало злато или немало кој да сокрие злато. Златото датирало од многу поодамна, така што тоа е чиста шпекулација и не би ја коментирал, зошто реално такво нешто не се случило,“ додаде Мицевски.
За подобар развој на една општина голема улога има и добрата патна инфраструктура. Засега општина Крива Паланка не може да се пофали на тој план.
„ Од првичната проекција за изградба на автопат за поврзување на Скопје -Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир, се промени, сега се гради експресен пат, затоа што се сметаше дека поврзувањето требало да биде многу побрза меѓу Крива Паланка-Скопје или со една соседна држава како што е Бугарија. Имено проценките се дека по изградбата на тој експресен пат, таа делница ќе се поминува за 40 минути од Крива Паланка-Скопје, што е навистина бргу зако споредиме со сега кога се потребни по еден, еденипол час, некогаш и повеќе.Тој експресен пат кој ќе чини 58 милиони евра, се гради со тоа што со еден од изведувачите, фирмата кој што беше задолжена за делницата од Страцин до Псача, пропадна и отиде во стечај, па постапката мораше да се повтори. Втората делница која што се работи од Глабочица до Крива Паланка, работите се одвиваат интензивно, на сите оние мостови, пробивање на самата таа траса. Мислам дека по склучувањето на договорот, ќе се интензивираат работите и на онаа полесната траса која што е од Псача до Страцин,“ рече Мицевски во гостувањето во емисијата Стадион на Канал 77.
Рехабилитацијата на патот од Куманово кон Крива Паланка е сосема нешто друго, додава Мицевски.
„ Навистина работите одат побавно, но тоа се’ се пропусти на ЈПДП, затоа што тие го водат процесот. Ние како локална самоуправа интревениравме неколку пати, да се забрза целиот процес, но сепак репарирањето на оние мостови, коловозите, потребно е повеќе време. Јас се надевам дека патот ќе биде во скоро време рехабилитиран и ќе возиме по целосно нов патен правец, од Куманово до крива Паланка, како и она што во моментов се работи, изградба на трета лента кон Г.П деве Баир на што се работи интензивно,“ вели Мицевски.
Веќе 20 години се гради и железничкото поврзување на Македонија и Бугарија. Последните проекции се дека тоа би требало до се случи во 2027 година.