(ВИДЕО) Николов: За да не може да мутира вирусот Ковид 19, треба сите да имаме антитела

Ова е нов вирус во здравството, во светот. Цел свет е изненаден од начинот на кој овој вирус го напаѓа човекот и она што го заклучивме во овие година ипол видовме дека ние не се плашиме од вирусот, туку од компликациите што ги предизвикува вирусот, изјави Д-р Сашко Николов, воедно актуелен градоначалник на општина Штип, во гостувањето на емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

Тој во гостувањето сподели свое размислување за моменталната состојба во нашата земја со ковид пандемијата, како и причините кои придонесуваат за смртноста од Ковид 19.

„Како доктори ние сме членови на тие форуми, конкретно јас сум член на тие кардиолошки форуми  при што дискутираме, секојдневно се допишуваат и се пренесуваат искуства од различни земји, од различни нации, раси каде секој го споделува своето искуство кое го добиваме во текот на лекувањето со оваа ковид пандемија. Ова е нов вирус во здравството, во светот. Цел свет е изненаден од начинот на кој овој вирус го напаѓа човекот и она што го заклучивме во овие година ипол видовме дека ние не се плашиме од вирусот, туку од компликациите што ги предизвикува вирусот. Комликациите даваат насока, дека имунолошкиот систем одговара на вирусот, но не и на компликациите кои што ги дава самиот вирус. На платформата корона вирус тој вирус го знаеме долги години наназад. Јас бев студент и кога студирав на медицина, професорите по инфективно ни објаснуваа дека за да го осетат групот како се манифестира и сите етапни фази на развивање на грип, тие се заразувале со корона вирусите, затоа што е многу лесна вироза и е ја има во секојдневниот живот“, вели Николов.

Оваа вироза, вели Николов предизвикува доста комплексен  концепт во  имунолошкиот систем, имаме наши пациенти кои прележале масивна инфекциа, а после инфекцијата имаат минимален развиен имунолошки систем односно многу мала концентрација на антитела, од една страна, а од друга страна имаме пациенти кои го прележале вирусот на нога, а имаат висока доза на антитела.

„Во нашата пракса во државава се докажа дека после 45 дена почнуваат да паѓаат антителата. Што значи дека нашето поднебје, нашиот начин на живот, исхрана, биоритам и генерално секоја држава за себе си има свој имунолошки систем кој што е карактеристичен за таа држава, зошто ние се мешаме меѓусебе, но и се мешаме со други држави“, изјави во „Стадион“, Д-р Сашко Николов.

Тој вели наместо граѓаните да ги иритира фактот зошто не ја одржуваме околуната чиста, зошто не го селектираме отпадот во домовите, туку фактот зошто по 45 дена од прележување на вирусот граѓаните треба да се вакцинираат.

„Треба да ги иритира граѓаните зошто не ја одржуваме околуната чиста,  зошто не го селектираме отпадот во домовите, меѓутоа тоа се прави во високо развиените земји, за жал ние сеуште не сме виосоко развиена земја, како и таква држава квлитетот на животот, исхраната, стресот. Кај нас можеме да видиме дека 60 до 70% од популацијата се конзуматори на цигари, што не е карактеристично за високо развиените земји. Кога целото тоа ќе го ставиме во еден пакет ќе видиме деказ здравјето и третманите кои што  ги правиме во нашите болници се за ниво повисоки. Во нашата држава поминавме многу транзиции, војни и економски кризи, генерално ние можеме да кажеме дека од 91 – ва па навака ние живее во економски криза и тоа е еден континуиран стрес кои што нашите граѓани треба да станат наутро да мислат како ќе заработат, како ќе обезбедат живот за децата сето тоа влијае на стресниот живот“, вели Николов.

Тој вели дека не би се сложил со тоа дека смртноста беше поголема во нашата држава во однос на останатите држави, бидејќи нашата земја водеше една изразито одлична статистика во однос на бројот на заразени  и бројот на починати.

„СЗО уште на почетокот ги постави стандардите, додека секој пациент кој што ќе почине и постмортем ако го тестираме и е позитивен го вбројуваме во групата ковид инфекција, причина за смртност. Ако го земеме во предвид тоа дали пациентите умираа по улица, не, дали пациентите умираа во своите домови, апсолутно не. Во овие година дена успеавме од здравствениот систем, јас ќе зборувам за државниот, па и приватниот кој на свој начин влезе во оваа битка со корона вирусот, меѓутоа ниту еден пациент не беше оставен на улица, дома и беа третирани со целата медицина со што се бара“, вели Николов.

Тој како пример ја зема Италијаи вели таму на почетокот смртноста беше дрматична , ќе се покажат грешките за година, две години со анализите кои што ќе се направат после самата пандемија.

„Дали беше правилно веднаш сите пациенти да се стават на респиратор, тоа ја зголемуваше смртноста и пак ќе кажам супер медицината знае понекогаш да даде и негативен ефект, премногу дијагноза и медицина понекогаш не треба. Ние во последните 7 до 8 месеци од самата пандемија фативме добар чекор извадивме многу критични пациенти од тека состојба, поготово во Штип, Битола, Скопје во сите градови се работеше на интезивно третирање со модерни лекови со пристапи кои што инфектолозите на светските инфектолошки форми, еден став кардиолозите, друг интернистите, пулмолозите и генерално секоја држава има различни ставови. Тоа е една проблематика кога имате ваков нов тип на вирус кој што  не ја разбираме патофизиологијата на вирусот, тоа е голем проблем за медицината и науката“, вели Николов.

Причина за вакцинацијата е затоа што организмот може да создаде најголем процент антитела кога имунолошкиот систем е освежен, смирен и стабилизиран.

„Велиме, јас прележав ковид инфекција и сега јас имам имунитет, овој вирус треба да се стави во групата на грипови, што значи дека ако фатиме грип, не значи дека за 5 до 6 месеци нема да фатиме пак грип. За да не може да мутира треба сите да имаме антитела во себе. Кога вирисот ќе дојде кај организмот кој нема имунолошки одговор, нема антитела тој се заразува, со самата зараза имунолошкиот систем реагира соодветно на самата инфекција, кога ќе изреагира на самата инфекција создава, дел од вирусот се губи, но дел останува. Тој што останува почнува да мутира за да го избегне нападот на имунолошкиот систем“, вели Николов.

Г.Д


Во етер
Наслов
Изведувач

Background