(Видео) Кирил Лазаров: Бизнисмените не им веруваат на историчарите кои зборуваат полувистини и во Бугарија и во Македонија

Трговската размена со Бугарија ни оди одлично и се очекува во следните месеци да надмине и 700 милиони евра. Но, како што вели претседателот на македонско – бугарската стопанска комора, Кирил Лазаров во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77 ни недостасува инфраструктура за оваа размена да стане уште подобра и поуспешна.

„Имајќи ја во предвид 2020 година споредбено со 2021 година до 11 ти месец, трговска размена со Бугарија изнесува околу 663 милиони евра и ако тој тренд продолжи  ќе стигнеме и до 720 милиони. Овој факт радува и пред се сѐ должи на пост паднемискиот заздравувања,  но и обидите за доближување и релаксирање на политичките односи пред се од САД и ЕУ  за ова прашање да добие конкретна разрешница. Имајќи во предвид дека со Турција имаме 577 милиони евра трговска
размена, со Косово 42 милиони евра, само со Србија со Грција имаме повеќе отколку со Бугарија”, вели Лазаров.

Во Бугарија извезуваме руди од олово, цинк и бакар, железо и челик класични производи и профили, а од Бугарија најмногу увезуваме нафтени деривати, масло, сончоглед, дрвени производи, во голем процент има и увоз на струја. Но од наша страна исто така многу се извезува во последно време овошје, зеленчук, вино, лекови, тоа се производите кои ги извезуваме во првите топ 10.

„Во однос на суфицитот, во моментов сме 50 -50, моментално е избалансирана трговска размена што радува, немаме дефицит, се стремиме кон тоа да добиеме и суфицит кон Бугарија, што е сигнал сам по себе дека економијата беше запоставена во претходниот период и дека сега треба силно да работиме во тој  правец”, изјави Лазаров за „Стадион”.

Тој се осврна и на инфраструктурните проекти кои се дел од Коридорот 8 кои што би можеле да придонесат кон подобра и успешна со трговска размена со Бугарија, но си земјите од околу.

„Пред се околу иницијативите сега што ги има околу Коридорот 8 и не толку помали проекти делницата што се подготвува Куманово – Крива Паланка, исто така мегапроектот за железничко поврзување пеѓу Скопје и Софија, кој во последно време се интезивира и има конкретни рокови кога
треба да биде завршен. Граничниот премин Клепало, кај Берово комплетно е завршен од нашата страна, од бугарска страна уште е во фаза на градежни активности со што би заживеал и тој регион на сосема друго ниво, би се поврзале сите тие туристички центри кои ги имаме на наша страна со бугарска страна. ние како Комора постојано говориме да се проектира едно модерно автопатско решение  помеѓу Скопје и Софија, предлагам да се даде некоја фирма со законско решение во парламентот по примерот на американската „Бехтел и Енка” за да не се губи време во однос на тој процес. Со што стратешки же се поврземе со Црно Море и земјите кои гравитираат во тој дел, не само трговски туку и енергетски. Станува збор за милијарди евра трговска размена, зборуваме да достигнеме една милијарда со Бугарија, тоа требаше пред 10 години да биде. Само преку инфраструктурните проекти и зајакнување на преку граничната размена Бугарија имаме голем потенцијал во однос на искористување на европските, земјоделските фондови, туристичките центри исто така многу може да помогнат во делот со сончевата енергија, хидро туризмот, дигитализацијата.”, изјави Лазаров.

На новинарско прашање дали политичко -историскиот спор помеѓу двете земји влијае и на бизнис комуникацијата, Лазаров истакна дека бизнисмените немаат таков проблем во секојдневната комуникација.

„Како да им веруваме на историчарите кога знаеме дека и кај нас и кај нив тоа што го зборуваат е полувистина. Кај нив во комунизмот кажувале дека непријателот доаѓа од Југославија, а кај нас зборуваа дека непријателот доаѓа од исток, тоа е едно систематско перење на мозок на македонските граѓани , и сега ние сакаме преку ноќ тоа да го исправиме, тоа не е можно”, вели
Лазаров.

Во однос на податоците дека се повеќе македонски граѓани наместо во Банско и Боровец, на скијање заминаа на Златибор и Копаоник, како прва причина Лазаров ја наведе лошата инфраструктура кон Бугарија, на која треба да поработат и двете земји.

„Прво заради инфраструктурата затоа што е катастрофална кон Бугарија, и од нивна страна исто така, второ заради антагонизмот што е веќе присутен кај народот во Бугарија и кај нас. Таа политичка нестабилност, таа историска тематика што ја наметнаа, тој историски наратив направи луѓето кои ги имаме како пријатели да не се веќе истите, а да не зборуваме за обичните луѓе вработени во ресторани, хотели на граничните премини. Сосема друга слика е  кога ќе отидеш сега во Бугарија и кога си бил некогаш во Бугарија”, изјави Лазаров за „Стадион” на Радио Канал 77.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background