Се’ за храна: 5 групи на намирници кои се храна за добро дентално здравје

Здрави и силни заби се основен предуслов за убава насмевка, но и за спречување на многу болести, а она што го јадеме има голема улога во тоа. Има намирници кои се штетни и намирници кои се корисни и претставуваат храна за добро дентално здравје. Да дознаеме кои се тие.

Може да ве интересира: За здрави и силни заби избегнувајте ги овие 7 намирници.

Овошје и зеленчук

Тие се важни за воспоставување на баланс во исхраната и се многу битни за одржување на здравјето на вилиците. Богати се во вода и растителни влакна, а помагаат во балансирањето на шеќерите и во чистењето на забите. Џвакањето пак, само по себе овозможува поголема секреција на плунка што е одлична особина која ги отстранува штетните киселини од површината на забите.

Вода

Водата е многу корисна за зачувување на денталното здравје, а и целокупното орално здравје. Посебно тоа важи за флуоризираната вода, која помага за забите да се поотпорни на кариес.

Јаткасти плодови

Од јаткастите плодови посебно може да ги издвоиме оревите. Тие содржат протеини и минерали кои се важни за целокупното здравје, како и ниски количини на јагленихидрати, што е многу важно за намалување на ризикот од кариес. Кариесот настанува во кисела средина, која пак настанува поради јаглените хидрати. Џвакањето на ореви и други јаткасти плодови ја стимулира секрецијата на плунковните жлезди, а тоа ги штити забите од расипување.

Посни протеини

Посебно корисни се т.н. посни протеини, односно протеините кои доаѓаат од живинското месо, од рибата, а исто така како добри протеини се категоризираат и оние од млекото и јајцата. Тие помагаат во одржувањето на цврстината на забите и забната глеѓ.

Млечни производи

Консумирањето на млеко и млечни производи е корисно од повеќе аспекти. Содржат мали количини на шеќери, а содржат и протеини, изобилуваат со калциум, што помага во одржување на денталното здравје.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 намирници кои се одлична храна за здрави заби.

Превземено од: sezahrana.mk


Во етер
Наслов
Изведувач

Background