Режисерот Чанг Каи и целото негово семејство починаа од корона вирусот
Кинескиит филмски режисер Чанг Каи, неговата сестра, мајка и татко умреле од послједица на корона вирусот. Во моментов се последните жртви на оваа болест, пишува „Гардијан“.
Каи починал на 14 фебруари, неговите роители две недели пред него а неговата сестра починала неколку часа после него. Засега е жива само неговата сопруга, но е во тешка состојба.
Стапката на смртност во неговиот град е најголема, за разлика од останатите делови во Кина а многу од пациентите кажале дека сакаат да најдат кревет во болниците со поголем капацитет, дури и додека се граделе новите болници и се прилагодувале просторите, изложбените центри биле претворани во импровизирани медецински центри.
Чанг се грижеше за неговиот татко, го однел во неколку клиники , но не можел да најде слободен кревет. Кон крајот на минатиот месец беше прв кој почина од овој вирус , но останатите веќе биле заразени .
Властите во Кина ги водат пациентите за кои постое сомневања дека се заразени од корона вирусот во карантински центри, понекогаш и на сила.