Хрватите ја нападнаа Јосипа Лисац за лоша изведба на химната- Подобро да пееше Колинда
На инаугурацијата на новиот председател на Хрватске, Зоран Милановиќ, кој вчера ја положи заклетвата, химната ја пееше Јосипа Лисац и тоа во неочекуван аранжман. По нејзиниот настап Социјалните мрежи беа преплавени од лоши коментари, велејќи дека Лисац ја искасапила.
Многумина и замераат бидејки премногу ги развлекувала зборовите на химната, други дека пеела неразгговетни и дека половина од зборовите ги проголтала. Хрватските медиуми пренесуваат дел од коментарите на Хрватите, кои одат до таа мера па велат дека подобро химната да ја пеела Колинда, отколку Јосипа.
По коментарите се огласила и пејачката.
-Сега ќе бидам најискрена. Ова е многу свечен момент. Му честитм на претседателот, но мене ми беше страв. Морав рано да станам а тоа за мене е нешто страшно. Јас, која се будам околу 11, можете да замислите како ми беше. И гласот мора да биде во топ форма, изјавила пејачката за хрватските медиуми.