Најчеста причина за развод- Поради ова неверство браковите пукаат за миг
Криењето од партнерот на вистинската информација за состојбата на сопствените финансии се вика финансиско неверство и може да доведе до прекинување на врската и развод на бракот исто како и класичното неверство. Финасиското неверство има многу лица, може да значи криење пари од партнерот, отворање на тајна сметка, тајно задолжување кај банка или кај пријател и многу други сомнежи поврзани со парите.
Не мора да имате милиони на сметска за да финасиски го изневерите партнерот, бидејки финасиското неверство значи недоверба или неможност да се признае на што се трошат парите.
Не морате на партнерот да го откриете секој трошок, но ако криете чевли, фустан или ако не сакате да му кажете дека на вашата пријателка сте и позајмиле пари, тоа веќе значи роблем.
Истражувањата покажале дека финансиското неверство е едно од најчестите причини за развод. Еве кои парови се наогаат во голем ризик од финансиско неверство:
Имате голем долг- Премолчено пречекорување на картиците, сметски за режиски трошоци и кредитите се составен дел од животот. а. Тука спаѓаат и уплатите на рати за летување, мебел за дома и многу нешта кои можат да ви го зголемат долгот. Ако се знае кој што и колку плака, тогаш нема проблем, но ако не е така, тогаш врската се држи на климави нозе.
Немате фонд за црни денови- Немањерто пари предизвикува стрес, особено ако немате „црн фонд“. Или тој фонд го криете од партнерот. Планирајте ја иднината заедно, бидејки многу лесно можете да станете финансиски неверник.
Едниот партнер е зависен од другиот – Овие ги имаат најголемите шанси за финансиско неверство. Тоа е кога едната личност финасиски сака да ја контролира другата. Тј што нема пари сака да има финансиска слобода. За да го добие тоа ќе мора да голаже партнерот. Но, ниеден проблем не е невозможно да се реши ако партнерите се искрени меѓу себе.
Извор: espreso.rs