Мадона ги згрози следбениците, пие урина за здравје
Светската ѕвезда Мадона не престанува да ја шокира јавноста. Тоа го прави и од стартот на нејзината кариера, но овој пат ја откри бизарноста со која го чува своето здравје и убавина. Таа објави снимки на социјалните мрежи како се капе во када полна со студена вода и мраз, која, како што вели, би трепало да и ги излечи модринките кои ги добила на турнејата, но и да и ги зацврсти мускулите. По капењето таа се напи чаша од својата урина. Овој гест ги згрози сите нејзини следбеници, а таа само искоментира:
-Многу е добро да се пие урина откако ќе излезете од студена купка, напиша таа.