Кој се грижи за шапките на обвинителката Вилма Русковска?
Обвинителката Вилма Русковска го окупира медиумското влијание не само преку случаите кои ги работи, туку и по нејзиниот изглед. На безмалку секое појавување во медиумите таа носи капче, шешир или баретка. Ни откри кој и помага при изборот на овој моден додаток, односно кој се грижи за нејзиниот изглед.
Обвинителката го купила пред 7-8 години во Скопје
-Сама си ги бирам. Имам некои што ми се, како што е црвеното, постаро од 45 години. Тоа тетка ми го плетеше за сестра ми а потоа јас си го земав. Имам две капчиња кои ми се уште од 1983 година, од апсолвентска. Црниот шешир, тој впечатливот, пак, си го купив пред 7-8 години во Скопје. Оној бордото исто така е земен од сестра ми и стар е 40 години. Капчињата ги сакам затоа што мислам дека убаво ми стојат. Купувам секогаш кога ќе видам некој интересен. Сега кога бев во Германија си купив една црвена беретска. Ете таа ми е најнова, инаку се друго е постаро. Кога ги купувам секако дека важна ми е цената. Најскапа е беретката од Германија, која ја платив 90 евра. А тоа за мене се многу пари, вели Рускоска.
Таа не знае колку од овие модни додатоци има во нејзиниот гардеробер, но открива дека сама ги прави комбинациите.
Шапка стара 40 години, подарок од сестра и
-Не знам колку капчиња имам. Треба да се пребројам. А комбинациите се сама си ги правам. Никогаш не сум користела совет од стилист. Сметам дека немам потреба за тоа. Си го знам стилот, знам што ми прилега а што не. Досега не сум почувствувала потреба за тоа а искрено и немам средства да плаќам за совети. А и немам многу пари за скапа гардероба воопшто, не само за капчиња. Маркирана гардероба не ме привлекува. Јас сум приврзаник на изреката дека – не е важно што носиш, важно е да знаеш да го носиш. Еве пак ќе кажам еден пример од последното патување во Германија. Налетав на уникатна продавница на капчиња. Жената тука ѓи шиеше и продаваше. Јас го купив црвеното од 90 евра. Имаше едно друго кое ми се допаѓаше, но беше 150 евра и не можев да си го дозволам. Го пофатив, но кога ми рече 150 евра го оставива. И го кажав мојот буџет. Здогледав еден шешир и таа знаејки ми го буџетот ми рече, тој не го ни пробувај, тој е 300 евра, открива обвинителката.
Купено на последното патување во Германија за 90 евра