Харисон Форд со рецепт за успешен брак: Не се карајте, само климајте со глава
Актерот Харисон Форд скоро две децении ужива во љубовта со колешката Калиста Флокхарт, што е вистинска реткост во Холивуд. Неговиот рецепт за успешен брак бил многу едноставен:
“Не разговарајте, не се карајте, туку само климајте со главата” – се пошегувал тој.
Харисон и калиста прв пат се сретнале во 2002 година а се венчале осум години подоцна. Тој има четири деца од претходниот брак а со Калиста посвоен син. Разликата меѓу нив е 22 години, а тоа го сметаат за предност, не за маана. Актерката пред неколку години во едно интервју рекла дека тоа прашање во нивната врска никогаш не се поставило.
– Вистина е дека јас некогаш се чувствувам многу постара од Харисон- рекла Калиста.
И Форд открил како ја одржува цврстата врска со жена му.
-Веќе 25 година имам пилотска дозвола и дакам да летам. Но, пред да заминам, јас прво се уверувам дека сум ги завршил сите свои обврски, рекол тој.