Свадбата на Елена и Гуте почна со Бјонсе и Ед Ширан
Со песната „Перфект“ од дуетот на Бјонси и Ед Ширан почна свадбената веселба на пејачката Елена Миленковска со нејзиниот колега , сега веќе сопруг, Гуте Маринковиќ. Свадбата беше во еден скопски хотел со околу 200 гости. Дваесетина дена претходно овој вљубен, сега веќе брачен пар, го склопи граќанскиот брак во Српски Милетиќ, од кај што потекнува младоженецот, а во Скопје викендов беше венчавањето во црква и свадбената веселба.
-Песната ја сакаме и двајцата. Нема некое значење за нас, не не поврзува со ништо, но е многу љубовна и емотивна. Убава љубовна приказна, каква што е нашата, рече Елена.
Таа и Гуте се запознаа во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, се забавуваа девет месеци , па направија свршувачка, а во меѓувреме дознаа дека ќе станат родители. Сега откако завршија сите веселби, младиот брачен пар вели дека заминуваат за Белград, каде ќе живеат и работат. Односно ќе пее само Гуте а Елена поради бременоста ќе паузира бидејки синот треба да се роди во јуни.
-Веќе смисливме име но, нема да го откриваме сега. Понатаму, да ни биде поинтерсно, рекоа двајцата.
Зетот вели дека одсекогаш ја чувствувал Македонија за блиска, му се допаѓал Охрид и уште како мал сакал да патува во Свети Наум. Тоа го сакал, тоа му се случило.
– Се знае дека меѓу нас нема некои разлики во обчаите, па такви се и свадбите. Кога музиката е добра и свадбата е супер. Но, ние немавме многу обичаи, не сакавме да имаме такви обврс
ки за да Елена да биде поодморена. Јас сум подготвен за улога на татко. Имам ти години искуство од работа во градинка, работев како воспитач. Така да знам се околу децата. Елена е супер. Се ми се допадна од прв момент. Прво очите и ги забележав. Нејзините очи имаат нешто посебно. О д моментот кога ја запознав знаев дека таа ќе е. Како мал многу сакав да одам во Охрид и во Свет Наум и се случи јас и Елена токму таму да ја започнеме врската, вели Гуте.