Радио Свети Николе како локален медиум постои уште од 1971 година во склоп на Домот на културата на Свети Николе. Во 2007 година Радио Свети Николе станува сопственост на Меѓународен Славјански Универзитет “ Гаврило Романович Державин “. Во 2020 година Радио Свети Николе е ребрендирано во Радио С придружна станица на Радио Канал 77.

Својата програма Радио С ја емитува од студио во Свети Николе со адреса на ул.Маршал Тито бр.77, во склоп на комлексот на просториите на Меѓународен Славјански Универзитет “ Гаврило Романович Державин “.

Радио С од 02.04.2020г стана придружна станица на мрежата на Радио Канал 77Радио Канал 77 е прво приватно национално радио во Репиблика Македонија, кое започна со работа во 1991 година. Според последните истражувања Радио Канал 77 е радио број 1 по слушаност на територија на Република Македонија, и радио станица која ужива најголема доверба кај публиката кога е во прашање информативната програма. Со ребрендирањето Радио С воведе нов радиски формат кој е со нови програмски сегменти и динамична музичка содржина која е таргетирана по старосни и социјални групи.

Целна група на програмата на Радио С се лица од 30 – 60 годишна возраст.

Покриеноста со сигнал на Радио С е 100% во Свети Николе со околината и 80% покриеност во Штип, со посебен акцент на автопатите во околината на Свети Николе.

Радио С можете да го слушате на 87,9 фрекфенција.

Програмските содржини освен на радио може да се следат и на нашата WEB страна http://www.radios.mk  и социјални медиуми, https://www.facebook.com/radios.mk/ и инстаграм https://www.instagram.com/radios.mk/.



Во етер
Наслов
Изведувач

Background