„Man in black: International“ без Вил Смит
Пристигна новата генерација на тајните агенти облечени во црно. Крис Хемсворт, Теса Томпсон и Лијам Нисон го заменија Вил Смит во новиот филм „Луѓе во црно – Глобана закана“.
Луѓе во црно се секогаш ја штитеа земјата од вонземјанска закана. Во најновата авантура се соочуваат со најопасната закана до сега – непријател кој се сокрива помеѓу сите нив. Крис Хемсворт и Теса Томсон како агенти Х и М се во своите црни костими се снајдоа со леснотија, но спасувањето на светот по судејќи по се нема да биде толку лесно.
Како што може да се претпостави од самиот наслов, оваа година непријателот напаѓа на глобално ниво, вселената се шири, а за нив е голема опасност. Наместо во Њујорк каде што се одвива дејството во постарите филмови, оваа приказна почнува во Лондон и продолжува во Мароко.