Стадион со Столе Наумов
Сабота | 10:00 | 12:00 |
---|
Во „Стадион“ имаме доволно време да зборуваме со луѓе кои ги сакаме, обожаваме, поддржуваме, се согласуваме со нивните ставови, но пред се да разговараме со луѓе кои се запоставени и немаат можност да добијат гласност за да се почувствуваат дека се дел од оваа демократија што сакаме да ја изградиме.
Неопходна ни е дебата. Се помалку време поминуваме во разговор едни со други и што е најлошо се помалку ги слушаме другите. Погледнете, на социјалните мрежи врие од омраза, навреди, гнев...
Велат дека молчењето е злато. Но, дали е така? Молчењето ја убива демократијата. Ако вие не зборувате и уште поважно не ги слушате другите, тогаш вие сте далеку од решение.
Демократија е да научиме да ги прифатиме различните и различностите...
Демократијата е силна колку што сме подготвени и отворени да ги слушнеме ставовите на другите.
Дебатата е столб на демократијата. Бидете храбри, разговарајте. Кажете го своето мислење, но слушајте ги и другите. Слушајте „Стадион“ затоа што „Стадион“ е единствена емисија што Ве слуша сите вас...