Билет во два правци
Страна: 2
Безперспективноста на високо образованата младина во Македонија , нивните неисполнети очекувања од факултетско високите оценки за добро платена работа, и разочарувањето кое потекнува од моментот на доделување на висока работна позиција на лица со едвај завршен факултет но со партиска книшка , се фактор плус за зголемување на бројот на млади кои заминуваат од Македонија. […]
Додека некои заминуваат во странство, други се одлучуваат да се вратат назад од Западноевропските држави и да инвестираат во Македонија. Иако бројот на оние кои си одат е многу поголем, сепак има и такви кои дел од својот капитал кој го создале надвор почнале да го реинвестираат во родниот крај. Сторија на Мики Трајковски Иселеници […]
Над 600 лекари од јавното и приватното здраство ја напуштија Македонија.Состојбата е алармантна.Од здружението на приватни лекари апелираат-граѓаните ќе бидат доведени во ситуација да нема кој да ги лекува. За вработување ,партиската книшка побитна од просекот Дваесет и четири годишниот Страхил Тодоров од Велес пред шест месеци дипломира на Факултетот за медицински науки при Универзитетот […]
Охрид полека прераснува во град на пензионери. Масовното иселување од нашиот најголем туристички центар последните неколку години според експертите може да ја промени демографската слика на градот. Охрид е шампион во Македонија по бројот на иселувања. Според официјалните бројки на Државниот завод за статистика од Охрид во последните години се иселиле повеќе од 8000 луѓе.Најалрмантно […]
Долг е списокот на причини на младите тетовчани зошто би заминале надвор од Македонија па барем и на три месеци „гастербајтерствo“ во некоја од европските или прекуокеанските земји. Уште поголем е бројот на млади лица кои под покровот на привремена работа заминуваат за да останат и да го живеат американскиот сон некаде далеку од дома. […]
Сторијата е на Мики Трајковски, поддржана од Националниот Демократски институт од Вашингтон. Се’ повеќе столчиња во струшките средни училишта остануваат празни поради заминување на ученици во странство. Во последните три- четири години бројот на ученици се намалил за околу 500 што е алармантен податок – велат професорите. Учениците остануваат без свои школски другари бидејки многумина […]
Економијата, политичката состојба во државата, национализмот, поделбата по етничка основа – ова се само дел од причините поради кои младите битолчани во последните години масовно се иселуваат во странство во потрага по работа и достоинствен живот. Иселените се оптимисти дека целокупната општествена слика во државата брзо ќе се надмине. Носталгијата за татковината е голема исто […]
Ретко кој во во земјава знае дека Македонија има Млад нобеловец. Тоа е тетовецот, Игор Томевски. Наградата ја добива за достигнувања од областа на филмот и театарот. Во моментов не живее во Македонија, студира во Њујорк. Дали ќе се врати во земјата од која нема никаква поддршка, или ќе остане таму каде што го препознале […]
Сторија на Мики Трајковски, поддржана од Националниот Демократски Институт од Вашингтон Поради се’ поголемото заминување на младо работоспособно население од Охрид, угостителите од градот се’ повеќе се соочуваат со недостаток на работници во угостителските објекти. Недостасуваат келнери, шанкери но и готвачи за потребите на рестораните и хотелските капацитети. Михаил Мишев,претседател на Здружението на угостители, вели […]
Младите стружани го вклучија алармот. Што прави Струга, да ги задржи или врати младите луѓе во градот ,истражуваше Мики Трајковски. Сторијата е поддржана од Националниот Демократски Институт од Вашингтон. Како Струга нема друга. Оваа изрека со децении го красеше градот на мостовите. Но стружани сега на шега ќе речат „И да има што ќе ти […]