Стадион
Страна: 12
Во септември се очекува нова средба на членовите на Мешовитата историска комисија на Македонија и Бугарија.Терминот се’ уште не е утврден, вели членот на оваа Комисија, Љупчо Ристески. Договорен е дневниот ред. Членовите се очекува да разговараат за дефинирањето на средновековниот период во учебниците и за постигнување на платформа за заедничко чествување на Гоце Делчев. […]
Погубен е концептот на мултиперспективност, односно давање на повеќе перспективи за една историска тема, настан или личност за промената на учебниците по историја за основно образование што се договара во Историската комисија, е ставот на професорот Митко Панов изнесен во емисијата „Стадион“ на Канал 77. Овој став професорот по историја го објаснува дефиницијата на националната […]
Во ексклузивното интервју во емисијата „Стадион“ на Канал 77, професорот Ѓорги Поп-Атанасов вели дека препораките од историската комисија за научната заедница се ништовни. Поп-Атанасов, кој е специјалист за старословенски ракописи, смета дека светите Кирил и Методиј заеднички треба да ги славиме со Чешка и Словачка, додека Свети Климент бил протеран од бугарскиот двор. Зборувајќи за […]
Даночни реформи се споменуваат многу често. Кај нас искуството покажува дека употребата на зборот даночна реформа не е секогаш реформа во вистинската смисла на зборот, туку спорадични, ад хок мерки кои некогаш повече прават дисторзија на самиот даночен систем отколку позитивни ефекти. Ова денеска го истакна во емисијата „Стадион“ даночниот експерт Борче Смилевски зборувајќи за […]
Хонорарците се категорија која не е на товар на државата и со сопствен труд и знаење се обидува да оствари доход и да опстане, вели даночниот експерт Борче Смилевски зборувајќи за најавеното оданочување на хонорарците. Тој вели нема разлика со она што било најавено во 2014 за време на поранешниот премиер Груевски, кога имаше и […]
Двајцата професори, Елка Јанчева Улчар и Игор Радев денеска зборувајќи во емисијата „Стадион“ на Канал 77 истакнаа дека иако негирањето на македонскиот јазик од страна на Бугарија никогаш всушност и не престанало, ова што ни се случува во моментот е непримерно за 21 век. Зборувајќи за ставот на Бугарија оти нашиот јазик е вештачки создаден, […]
Македонскиот и бугарскиот јазик иако се слични имаат низа разлики буквално во секој сегмент, на фонетско и дијалектичко рамниште и на синтаксичко, рече професорката Елка Јанчева Улчар во гостување во „Стадион“ на Канал 77. – Двата јазици се слични, за разлика од останатите словенски, по тоа што се аналитички односно синатаксичките односи внатре во реченицата […]