Стадион
Страна: 19
Довербата сеуште е највисока во Армијата во споредба со останатите иституции и најверојатно тоа се должи на обидите за департизација или тргање на политиката од армиските редови што за мене сметам дека е исправна одлука и која во следниот период ќе ја поддржувам, вели министерската за одбрана , Славјанка Петровска во емисијата „Стадион“ на Канал […]
На почетокот на емисијата „Стадион“ на Канал 77, првиот човек на ССМ, Дарко Димовски беше прашан дали знае како е да се работи во реалниот сектор во производството и некогаш во животот работел. Димовски рече дека не само што знае, туку почнал да заработува од својата 17-та година. -За сите тие душегрижници да кажам дека […]
Според универзитетскиот професор Александар Спасеновски промената на изборниот систем предизвикува отварање на пандорина кутија. Се оперира од една до 8 изборни единици, па и со отварање на Уставот што може да предизвика опасна инфлација на нови барања и прашања. Позитивните страни на актуелниот изборен модел се далеку повеќе од неговите негативности и сметам дека промената […]
Пратеничката и претседателка на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска од НСДП, која опозицијата ја обвини дека намерно ги кочи изборните реформи неставајќи го на дневен ред на седница на Комисијата предлог законот, вели дека тоа се неосновани политикантски притисоци. НСДП долго години се залага за една изборна единица и нема […]
ВМРО ДПМНЕ смета дека сега е време да се согласат за една изборна единица, бидејќи на тој начин добиваме подобра претставеност на сите општествени групи во Парламентот, би се подигнале демократските стандарди во државата и ќе се добие подеднаква тежина на правото на глас на секој граѓанин на Република Макеоднија, изјави актуелната пратеничка од редовите […]
Една изборна единица е модел кој што ја претставува волјата на граѓаните во законодавниот дом, смета Бејџан Иљас од Демократската партија на Турците. „Нашите залагања во минатото на жалост беа попречени од големите партии. Денеска дојдовме до еден момент во кој што т.н мали партии во парламентот веќе ја почнавме оваа работа да ја тераме […]
Повеќе од 20 години се расправаме, отвораме расправа околу промена на изборите правила, реформите на Изборниот законик, но за прв пат имаме суштинска отворена аргументирана расправа во која се вклучени и други политички партии, вели Павле Трајанов од Демократски сојуз за емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77. „Сега имаме една широка расправа, мислам дека пред […]