Радио Канал 77 започна со работа на 4-ти октомври 1991 година и е прво приватно национално радио во Република Македонија. Од 5-ти јануари 2015 година Радио Канал 77 има обновена девет годишна Лиценца-Дозвола за радио емитување. Радио Канал 77 е со седиште во Штип на адреса: 5-та Партиска конференција 32A, во сопствен објект Мултимедијален центар Канал 77 и студио лоцирано во Скопје на адреса: Франклин Рузвелт бр.4 локал 6.
Радио Канал 77 од 01.01.2015 година го воведе новиот радиски формат кој е со ралзични програмски сегменти и динамична музичка содржина која е строго таргетирана по старосни и социјални групи.
Целна група на програмата на Радио Канал 77 се лица од 24 до 45 годишна возраст со тежиште на лица помеѓу 30 и 40 годишна возраст.
Истражувањето на меѓународната француската истржувачка компанија ИПСОС спроведено во јули 2018 година точно ја потврдува слушателската публика на Радио Канал 77.
Истражувањето кое го спроведе интернационалната компанија ИПСОС во јули 2018 година покажа дека Радио Канал 77 е број 1 радио по слушаност на територијата на Републка Македонија, омилена радио станица помеѓу радиската публика и радио станица која ужива најголема доверба кај публиката кога е во прашање информативната програма.
Покриеноста со сигнал на Радио Канал 77 е на 98% од територијата на Македонија со посебен акцент на покриеност на целата патна инфраструктура. Дистрибуцијата на програмата се врши преку 15 микробранови линковски фреквенции и 35 FM фреквенции меѓународно кординирани и заштитени од ITU Женева. Програмата се емитува преку WEB Streaming и кабелските оператори во Македонија и регионот и е единствено македонско радио кое е достапно на сателит преку дигиталната IP телевизија Нет ТВ Плус и Тотал ТВ со кој ги покрива сите континети.
Програмските содржини освен на радио, можат да се следат и на нашата WEB страна, http://www.kanal77.com.mk/ , и социјални медиуми: Facebook http://www.facebook.com/Kanal77/, Twitter https://www.twitter.com/Kanal77 (#Канал77, @Kanal77) и Instagram.com/Kanal77.
Радио Канал 77 е единствена радио станица на територијата на Југоисточна Европа која рекламните пораки ги дистрибуира по систем Splitting Advertising на 3 нивоa: национално, регионално на 4 макро региони, и локално рекламирање на 10 микро региони.
За потребита на програмата, техничко одржување, маркетинг и тековно работење на радиото работно се ангажирани вкупно 45 лица, а поглем број од работно ангажираните лица е со високо техничко образование од областа на медиумското работење. Радио Канал 77 е членка на голем број домашни и странски меѓународи медиумски организации, и учествува во многу промотивни проекти кои имаат социјален карактер и се во интерес на пошироката јавност. Нашата мисија е да му служиме на демократското и отворено општество и да ја развиваме граѓанската инцијатива во Република Македонија.