Бугарски кандидат за пратеник предлага нова пруга од Благоевград до Кочани

Андреј Врабчев, кој е кандидатот за пратеник од граѓанската квота на коалицијата Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија на претстојните избори на 2 април, во емисијата „Стадион“ на Канал 77 ја претстави неговата идеја за изградба на нова брза пруга со Македонија.

Врабчев предлага железничко поврзување меѓу Благоевград и Кочани, која би била централна артерија, а со оваа пруга и сите околни градови.

-Линијата Благоевград – Кочани ја дополнува линијата Ќустендил – Ѓуешево и има огромен потенцијал да го врати регионот во крстопат. Има конкурентска предност е што сврзува многу населени мести, додека линијата Куманово –  Ќустендил тоа не може да биде, бидејќи и е на периферијата на двете земји, изјави Врабчев.

Кандидатот за пратеник смета дека пругата дава стабилност на регионот и поврзување со Црното Море – Јадранското и Балтиско Море и се сврзува со патот кон Солун и кон северните држави.

-Со пругата се сврзуваат 12 европски држави или 19% од БДП на Европа, а заедно со Украина се создава заеднички пазар од 150 милини луѓе кои се обединуваат. Развивањето на таа инфраструктура е клучна за иднината на Европа, објасни Врабчев во „Стадион“.

Идејата, според бугарскиот политичар, веќе била поздравена од граѓани од двете стани на границата. Врабчев смета дека пари ќе се најдат лесно, вклучувајќи ги и тие од европските фондови.

Во текот на предизборната кампања, Македонија, според Врабчев, не е во првите десет теми, иако како што вели, многу побројни се силите што се против соработката меѓу двете земји.

-Тие што не сакаат соработка се поорганизирани од нас, вели Андреј Врабчев.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background