Вечера во ресторант кој виси на карпа

На мексиканската планина Сиера Мадре, ќе се гради ресторан кој ќе ве возбуди во вистинска смисла на зборот. Имено, Copper Canyon Cocktail Bar ќе се смести на самиот кањон, што ќе биде целосно издаден.

Првиот кат на зградата ќе биде затворен, а вториот ќе биде платформа за гледање од која ќе се простира панорамски поглед кон бескрајната убавина на мексиканската природа. Вистинските авантуристи сигурно ќе го ценат податокот дека просторот ќе има транспарентен под низ кој посетителите ќе гледаат падина долга од 240 метри, а за сите оние кои сакаат да се освежат, во ресторанот се наоѓа и отворен базен. Овој авантуристички локал сигурно ќе се најде на врвот на листата на најоткачени светски локации.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background