(видео)Дополнително попишување на непопишаните 132.000 лица законски е невозможно, тврди Симовски

Да се попишат непопишаните 132.000 лица со еден дополнителен мини попис, едноставно е невозможно, рече првиот човек на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во денешното гостување во емисијата Стадион на Канал 77.

„Прво законски тоа не можеме да го направиме, треба да се донесе некој нов закон, каде што ќе се прецизира таа активност, ако е воопшто тоа можно од законски аспект. Овој закон тоа не ни дозволува  да го направиме. Второ, Пописот се спроведуваше во критичен момент, состојба на 5-ти септември, што значи до ноември, декември, до кога хипотетички би се спровел, состојбите ќе се променат, некој ќе почине, ќе се исели или ќе го промени местото на живеење,“ образложи Симовски.

За бројката од над 242 579 илјади христијани кои не се определени во графа православни католици или протестанти, Симовски вели дека не се виновни попишувачите , туку граѓаните требало да си кажат а попишувачите немале право да ги потпрашуваат или да ги наведуваат, тоа е строго забрането, зошто на тој начин се влијае на нивната одлука.

„ Не смеевме да им дадеме ниту список на религиозни припадности затоа што се влијае, првите три на листата секогаш се во предност. Дури и според Обединетите нации, прашањето дали редовно одите на миси на богослужби во црква, во џамија, дали вршите обреди- христијански или муслимански, не е прифатено. Тоа е прашање на чувство затоа што не се верници само оние кои посетуваат верски храмови, некој дома практикува верски обреди, молење,поклонување,“ изјави Симовски во денешното гостување во Стадион.

Тој тврди дека во документите во базите на МВР нема податок за етничка припадност, ниту во извод, ниту во државјанство. Уште од 1961 година, не пишува етничка припадност.

„Па и да има, после неке време тоа лично чувство може да се промени и некој да се изјасни како Џедаи како Марсовец како Југословен или пак да каже- не сум верник атеист сум“, додава Симовски.

Според него наредните пописи ќе бидат електронски.

„Јас доколку би ме прашале и овој попис ќе го направев без етнички и верски графи само со јазик, како што предложив на почетокот но партиите, но  политичарите и црквата не се согласија тогаш. Сега многу луѓе ми велат бевте во право,“ додаде Симовски.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background