(видео)Печатите на приватните специјалисти не важат во Македонија но важат во Албанија

Во здравствениот систем во земјава имаме една навистина апсурдна ситуација, за која треба да расправа и Уставниот суд, но кој за тоа има и нерви и време. Печатот на еден приватен лекар специјалист кој работи во приватна болница не важи за еден пациент да добие терапија од Фондот, смета очниот хирург д-р Наум Трпеноски.

„Печатот на приватниот лекар специјалист не важи за еден пациент да добие терапија од Фондот, мора да отиде на лекар кој е од државното здравство или има договор со ФЗО, што е потполно неуставно. Јас имам колешка во Охрид која има реномирана ординација, не работи со Фондоти кај неа доаѓаат многу пациенти од Албанија. Нејзиниот печат во Албанија важи и можат пациентите да добиваат таму лекови на товар на Фондот, додека пациентите од Охрид не можат.,“ образложи д-р Трпеноски при денешното гостување во емисијата Стадион на Канал 77.

„Ние како приватни лекари не бараме договор со Фондот, пациентот веќе има договор со Фондот. Тој го склучил тој  договор со своите придонеси,“ смета д-р Трпеноски.

Интервентниот кардиолог д-р Иван Милев, вели дека тој и кога работел во болнички услови со печат, не можело секој пациент да ги добие лековите.

„ Јас бев во една институција  којашто имаше договор со Фондот само за одреден вид на интервенции. Ако пациентот не е во таа категорија, а добие мој печат повторно не може да земе терапија и мора да оди кај државен интернист,“ додава Милев.

Во врска со позитивната листа на лекови тврди дека е на ниво од пред 20-30 години, а лековите сега се развиваат, се обновуваат се измислуваат нови.

„ Лековите за ретки болести се една голема тажна приказна. За мене е непоимливо да има лек измислен а државата да не може да го даде на тој пациент, затоа што немало пари. Комбинираната терапија нема изглед да влезе во ФЗО и луѓето се принудени да пијат застарени лекови и повеќе пати на ден,“ додава Милев.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background