(видео)Самка Ибраимовски: Не го признаваме пописот, Ромите се над 7 проценти
Самка Ибраимовски, претседател на ПЦЕР најави нов попис кој од куќа на куќа ке го спроведат Ромите во Македонија.
„ Овој попис е срамота и ние не го признаваме и тој што го спровел треба кривично да одговара. Ромите имаат најголем наталитет а пописните бројки покажуваат дека они во нашата држава само умирале а не се раѓале. Ние ќе се жалиме до странските амбасади до Брисел и Вашингтон и наскоро ќе започнема операција во која што ќе докажеме дека овој попис е фалисификуван и дека Ромите наместо реално да бидат над 7 проценти како трет по број етникум во државата , се катастрофално оштетени “, вели Ибраимовски за кого целиот попис бил направен со една цел како да се обезбедат и фризираат бројките и потребниот сооднос на застапеност на албанците.