(видео)Сашо Клековски: Откако ќе влезат во уставот, следното барање ќе биде, правата на 120.000 Бугари во Македонија

Едноставно се нема доверба. Кога ќе влезат Бугарите во уставот, јас мислам дека ќе има следно барање, тоа е акцискиот план за правата на Бугарите  и тогаш од 3500 ќе се бара тие да станат 120.000, изјави Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ во денешното издание на емисијата Стадион на Канал 77 на тема Преговарачката рамка со Бугарија.

„Единствено објаснување зошто има 120.000 Македонци што изјавиле дека имаат бугарски корени, а не се изјасниле на попис како Бугари е дека се заплашени и ќе се бараат мерки за недескриминација. Ќе мораме ние да трчаме, да правиме кампањи за Бугарите да се слободни а истовремено Бугарија наместо да отвара културни клубови кои ќе се викаат Вапцаров, ќе отвара клубови кои ќе се викаат Ванчо Михајлов. Значи истовремено ќе не иритираат до крајност,“ додава Клековски.

Тој реагира на фактот дека упорно се тврди дека историјата не била дел од преговорите.

„ ЕУ го поздравува усвојувањето на вториот записник од втората Меѓувладина конференција која е всушност дел од преговорите. ЕК ќе има годишни прегледи на член 12 од договорот за добрососедство а член 12 е токму за Меѓувладината комисија. Според протоколот до 2025 треба да го усогласиме средновековието и учебниците за седмо одделение.“ образложи Клековски.

Според Павле Богоевски, исто така гостин на Стадион, заедно со Клековски тоа не е така.

„Според протоколот ние немаме рок за усогласување, имаме рок за имплементација на договореното, а се охрабруваат комисиите дотогаш ако може да се договорат. Значи ако договорат некоја препорака  имаат две години да ја имплементираат.

Тој смета дека со тоа што контролата ќе ја прави ЕК, ја прави земјата во поповолна состојба, затоа што сме веќе дел од еден европски процес.

„ На пример, Бугарија може да се жали на заплашување на да речеме 120.000 Македонци со  бугарски пасоши, да не се изјаснуваат како Бугари, но ЕК во тој поглед нема да ја земе во предвид само бугарската страна,“ смета Богоевски.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background