(видео)Слики на Тито и Колишевски се’ уште висеа во Здравствениот дом кој станува Дом за стари лица – градоначалникот на Пробиштип Анастасов во Стадион

Дури 11 пати била блокирана и одблокирана Општината Пробиштип во изминатите 3,5 години, а долгот изнесувал 30 милиони евра. Ова во емисијата Стадион на Канал 77, го кажа градоначалникот Дрган Анастасов, кој за неговиот претходник Тони Тоневски, очекува институциите да одговорат барем по една поднесена пријава. Според Анастасов имало и анонимни пријави, како и пријави од Општината, меѓутоа, на изходот се’ уште се чека.

-Пробиштип беше најзадолжената општина во Истокот. Кога дојдов во општината и ја видов состојбата и огромниот долг, побаравме државна ревизија за работењето на претходникот и на втората седница советниците изгласаа ревизија. Најавена е ревизија и наскоро ќе дојдат. За кривичните пријави, институциите побараа документи што ние им ги дадовме, изјави Анастасов.

Екологија или економија? Потребни ли му се нови рудници и загадувачка индустрија на Пробиштип? Како ќе се трансформира старото јаловиште, кога загадува со прашината што се создава? Беа само дел од прашањата во емисијата Стадион.

На Пробиштип не му треба нов капацитет со тешка индустрија, има премногу загадувачи, колку и да се нови техонологии, има загадување.

-Има општини како Кавадарци, каде има произдовство на храна и загадувачи. Јас сум на ставот да се даде можност на обработливите површини отколку рударството и ќе останам на тој став, изјави Анастасов.

Градоначалникот кажа дека земјиштето од старото јаловиште ќе биде понудено на инвеститор кој ќе има обврска да го култивизира, постави тампон и се претвори во централа за фотоволтаици.

Што се однесува го леарницата Кранфилд фаундри, оневозможено е нејзинот ширење со тоа што земјиштето до неа е продадено на инветитор, кој ќе одгледува канабас.

Тој сподели информација дека родилиштето во кое се родил, останало нечепнато со години и кога влегле за реконструкција на делот од Здравствениот дом во Пробиштип, кој станува современ Дом за стари лица наишле на слики на Тито и Колишевски од претходниот век.

-Новиот Дом за стари лица од 2600 квадрати, на кој се работи, ќе биде место каде ќе се сместат градителите на Пробиштип, изјави Анастасов.

Дали ќе добие нов мандат, градоначалникот Анастасов рече дека анкетите се во негов прилог, но сепак, тоа е одлука на партијата и граѓаните. Пред да дојде на местото градоначалник, работеше во ПОЦ – Скопје, но како што кажа нема да се враќа таму.

-Нема да се вратам во ПОЦ, ниту да користам апанажа. Ако не продолжам, ќе размислувам за приватен сектор, рече Анастасов.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background