(видео) Бабоски: Каква држава е Македонија – граѓанска, бинационална или мултинационална држава?

При отворањето на Уставот треба да се даде можност да влезат сите заедници што сакаат да влезат. Проблем на системот е овозможување изучување на јазикот, што сега е пречка во пракса за децата што сакаат да го изучуваат мајчиниот, влашки јазик. Ова се ставовите на Николче Бабоски од Демократскиот сојуз на Власите изнесени во емисијата Стадион на Канал 77.

-Системот да помогне да овозможи наставен кадар, соодветни учебници и за жал во законот е добро дефинирано, но во пракса имаме опструкција од страна на директорите на ОУ и закон е пречка за наставата по влашки јазик,  дека треба определен број на ученици, кои мора да пројават интерес да го изучуваат јазикот, треба минимален број. Како во едно Мариово за еден ученик се држи настава? А кога имаме 10-12 ученици одговорот од училиштата е нема доволно?!, прашува Бабоски, кој рече дека не познава ниеден Влав кој не го владее македонскиот јазик.

Што се однесува до отворањето на Уставот, Бабоски смета дека треба претходно добро да се осмисли и дека во него треба да влезат сите заедници кои ќе пројават интерес.

-Прашањето дали сме граѓанска, бинационална или мултинационална држава. Според сегашната  норма тие 20 отсто доведуваат до мајоризација на сите што се помалку од мнозинската, а сепак се помалку од помалку бројната заедница, а добиваат ексклузивни права.  Дали со бришењето на 20 отсто станавме бинационална држава или со држава на сите останати со еден официјален јазик – македонскиот,  а со одредени други подзаконски и законски акти да им се овозможи на останатите да си го користат својот мајчин јазик, изјави Бабоски.

Според првиот човек на Демократскиот сојуз на Власите, прашањето е дали некој прво се третира како граѓанин на Македонија, а потоа како припадник на својата заедница. Според Бабоски, ниту еден закон не може да ограничи некој да се чувствува припадник на еден народ или етничка заедница.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background